Дома Фудбал Англија Конте може да здивне: Белгиецот останува верен на синиот дрес

Конте може да здивне: Белгиецот останува верен на синиот дрес

Како што пишува „Sky Sports“, преговорите за потпишување на нова соработка се отворени.

Конте ќе треба да ја засили последната линија, Тери си заминува од клубот, а за предизвиците во ЛШ ќе му бидат потребни засилувања. Сепак, за местото помеѓу стативите не мора да се грижи, бидејќи управата на Челзи започна преговори со Куртоа за продолжување на соработката.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Одличниот голман во Челзи пристигна во 2011 година, па беше испратен во Атлетико Мадрид, каде што три години помина на позајмица.Мурињо го врати во Челзи и веднаш стана прв голман и од тогаш е неприкосновен помеѓу стативите на лондонската екипа.

Куртоа стана стандарден голман и во репрезентацијата на Белгија, имаше некои шпекулаии дека би можело да се пресели во Реал Мадрид, но „Кралскиот“ клуб повеќе е заинтересиран за Давид Де Геа од Манчестер Јунајтед, кого се надеваат дека ќе успеат да доведат ова лето.

Куртоа така ќе остане во Челзи, нема сомнеж и дека ќе добие зголемување на платата по многу успешната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чурлинов: Секоја победа носи само доверба, со Летонија најважно е да влеземе како што треба!

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов истакна дека националниот тим нема намера да с…