Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте истакна дека е задоволен од она што го покажува Хари Кејн.
Пред почетокот на сезоната многу се пишуваше за заминувањето на капитенот на Англија. Се најавуваше трансфер во Манчестер Сити. Сепак, на крајот остана со Спарс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Кејн сака да го даде својот максимум во секој натпревар. Задоволен сум од она што го покажува, посветен е и имаме добар однос. Знам што се случуваше минатото лето. Од кога донесе конечна одлука да остане целосно е вклучен во овој проект. Ако размислуваме за освојување нешто, Хари мора да ни биде главна фигура“, изјави Конте.
Денес Тотенхем ќе игра во полуфиналето од Лига Купот против Челзи.