Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди се уште одбива да го напушти Интер иако Антонио Конте отворено му порача дека не смета на него.
Конте веднаш по доаѓањето на клупата на Интер порача дека Икарди и Наинголан можат да заминат затоа што не му се потребни. Наинголан премина во Каљари додека Икарди одбива да замине од Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот дури не ни тренираше со Интер на почетокот на припремите и јасно дека е повеќе не е посакуван. Но Икарди не сака лесно да се предаде и најави дека ќе го тужи клубот и ќе бара оштета од 1.7 милион евра затоа што не тренира со првиот тим.
Колку Конте има желба Икарди да си замине доволно покажува податокот дека го исклучил од сите активности. Икарди дури повеќе не е член на „Ватс Ап“ групата во која се Конте и останатите играчи на Интер.
Конте го исфрлил од оваа група во која на играчите им ги соопштува термините за тренинзите и состаноците и некои други работи. Токму поради тоа Икарди беше единствениот играч на Интер кој не беше на вечера пред некој ден кога клубот им посака добредојде на новите засилувања.