Дома Фудбал Англија Конте брутален: Мурињо е сенилен старец!

Конте брутален: Мурињо е сенилен старец!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте денес спреми „брутален“ одговор за својот колега Жозе Мурињо кого го нарече „сенилен старец“.

Жозе Мурињо во четвртокот индирекно ги „пецна“ своите колеги Јирген Клоп и Антонио Конте со изјавата дека „не сака да изигрува кловн покрај аут линијата“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Беше за очекување дека англиските новинари денес ќе го прашаат Конте што мисли за таа изјава, а Италијанецот имаше спремен одговор.

„Мислам дека малку треба да се сети што правеше тој во минатото. Не знам точно како се нарекуваше таа состојба кога почнувате да заборавате, но мислам дека станува збор за старечка деменција“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еден од најдобрите во светот сонува да го облече дресот на Реал Мадрид?!

Доминик Собослаи неодоливо потсетува на Стивен Џерард. Му недостига само капитенската лент…