Иако одигра одличен натпревар и погоди две стативи, Челзи во вчерашниот натпревар против Барселона во Лигата на шампионите одигра 1:1.
Тимот на Антонио Конте поведе во 62 минута од средбата, изедначи Лионел Меси 13 минути подоцона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одигравме скоро совршен натпревар, но мораме да бидеме реални. Направивме се што се договоривме. Надигрувањето со Барселона е еднакво на самоубиство, доколку се обидеш така да играш нема да изгубиш 1:0 или 2:0, туку сигурно ќе примиш 4-5 погодоци. Мораш да играш интелигентно како што ние игравме, но проблем е што Барса ја казнува и најмалата грешка. Кога ќе му овозможиш на Меси таква прилика, тој тоа нема да го пропушти“, изјави Конте, а потоа зборуваше за Кристенсен кој со очајното додавање беше главен виновник.
„Беше еден од нашите најдобри играчи, одлично играше. Кога имаше 21, 22 години и играш на такво ниво, на таква позиција тоа ме за секоја пофалба. Сите беа одлични. Верувам дека можеме да дојдеме до поволен резултат на „Ноу Камп“, заврши Конте.