Дома Фудбал Останато Консеисао за Касиљас: Животот е поважен од се друго!

Консеисао за Касиљас: Животот е поважен од се друго!

Живата легенда на светскиот фудбал, Икер Касиљас пред два дена доживеа срцев удар и во моментов е во болница каде се рехабилитира после операцијата.

За среќа, инфарктот беше брзо локализиран и неговата состојба беше стабилизирана, но за жал прогнозите се дека Касиљас нема да може повеќе професионално да игра фудбал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тренерот на Порто, Серџо Консеисао индиректно најави дека Шпанецот нема да може повеќе професионално да игра фудбал.

„Фудбалот е дел од нашиот живот, но животот на еден човек е поважен од било што, па секако и од фудбалот“, изјави Консеисао.

„Слушнав дека прогнозите на докторите се позитивни, сите сме среќни поради тоа. Бевме во шок, максимално загрижени кога се случи инфарктот, но за среќа работите завршија како што треба. За среќа Икер е добар. Цел тим е покрај него“, додаде тренерот на Порто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кога некогаш во Барселона: Меси ја зеде топката на центар, издрибла пет ривали и постигна прекрасен гол (Видео)

Фудбалерите на Интер Мајами гостуваа кај Монтреал во рамките на МЛС и остварија победа од …