Џејмс Харден успеа во намерата да издејствува заминувње од Филаделфија и ќе се приклучи тимот на ЛА Клиперс објави новинарот на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски кој е добро запознаен со случувањата во НБА.
Информациите на Војнаровски се дека Харден, Филип Петрушев и Пи Џеј Такер се селат во Клиперс додека Филаделфија ќе ги добие Маркус Морис, Николас Батум, Робрт Ковингтон, Кеј Џеј Мартин, избор од првата рунда на драфтот во 2028 и два избор иод втората рунда и можност за размена на изборите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По завршувањето на минатата сезона Харден влезе во конфликт со раководството на Филаделфија и генералниот менаџер на тимот, Дерил Мори го нарече лажго порачувајќи дека повеќе никогаш нема да го облече дресот на овој клуб.
Така со замената Харден успеа да го добие она за кое притискаше цело лето. Сега Клиперс има кошаркари со кои може да се надева дури и на титула. Тука се: Расел Вестбрук, Кави Ленард, Пол Џорџ…