Дома Фудбал Англија Конечно проговори јавно – Еве зошто еден од најдобрите англиски судии го напушти фудбалот во Англија

Конечно проговори јавно – Еве зошто еден од најдобрите англиски судии го напушти фудбалот во Англија

Популарниот англиски судија, Марк Клатенбург прв пат јавно за англиски медиуми откри зошто во јануари оваа година одлучи да престане да суди во Премиер лигата и да го напушти фудбалот на Островот.

Во првиот ред истакна дека му било доста од тиранијата на тренерите, на прво место од Жозе Мурињо.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој во февруари оваа година потврди дека си заминува од Премиер лигата и дека ќе стане шеф на судењата во Саудиската лига. Освен што таа понуда сигурно финансиски е подобра, на Клатенбург му било доста од тоа што бил виновник кога некои клубови не го направиле она што го планирале.

„Го судев оној натпревар против Стоук Сити, кога Руни го сруши рекордот на Боб Чарлтон, заврши 1:1, но Мурињо мислеше дека требаа да победат. По натпреварот, дојде во мојата соблекувална и беше многу несреќен, бидејќи мислеше дека сум требал да досудам пенал во една ситуација“, започна Клатенбург.

„Стоук го има најстудениот стадион, секогаш е влажно и бедно, а кога му судите на Јунајтед не е лесно. Мислам дека на тој натпревар судев многу добро, а тоа што дојде во мојата соба по натпреварот и го критикуваше моето судење во ситауција кога топката сигурно го погодила играчот во рака ме доведе во ситуација да се запрашам што правам тука“, продолжи познатиот судија кој поради обвиненијата имал проблеми сам со себе.

„Ме чекаше пат до дома од 300 киломери, тогаш кога мислев дека навистина сум направил голема грешка, сопругата забележа дека се променив и дојде до момент дали навистина сакам да бидам дел од ова? Сакам ли да судам? Не уживав веќе во тоа како што некогаш уживав и сакав да си заминам“.

Премиер лигата така остана без еден од своите најдобри судии поради постојаниот притисок од страна на тренерите, а знаеме колку сите зборуваат за правдата кога нивните екипи ќе се пронајдат на поразената страна. Тоа е дел од фудбалската култура, дел од тренерската култура, но Клатенбург тоа повеќе не можеше да го поднесе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…