Дома Останати КОНЕЧНО: Познати казните на Конор и Кабиб за хаосот во Лас Вегас!

КОНЕЧНО: Познати казните на Конор и Кабиб за хаосот во Лас Вегас!

Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов денес ги дознаа казните откако беше одржано сослушување пред комисијата во Невада.

УФЦ ѕвездите се суспендирани поради инцидентот кој се случи после борбата во Лас Вегас кон средината на октомври. Тогаш Кабиб излезе како победник за потоа да предизвика вистински хаос.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Епилогот е следниот:

Кабиб е суспендиран на девет месеци и казнет со 500.000 долари со тоа што постои можност со жалба казната да му биде намалена на шест месеци.

Конор доби суспензија од шест месеци и казна од 50.000 долари.

Колегата на Кабиб, Зубаир доби парична казна во износ од 25.000 долари. Абубакар Нурмагомедов кој се започна суспендиран е на една година и ќе мора да плати 25.000 долари.

https://www.youtube.com/watch?v=CxDXCvAkOKA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…