Македонската фудбалска репрезентација на новата ФИФА ранг листа напредуваше за неверојатни 33 места и од денес нашиот национален тим се наоѓа на 133-то место на светот.
Такво нешто беше за очекување со оглед на двете победи против Лихтенштајн и Белорусија, нашата репрезентација според прогресот на листата е најдобра репрезентација со огромен напредок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Месец април исто така донесе и промена на врвот, Бразил по седум години пауза се најде на чело на ФИФА ранкг листа и го симна од тронот лутиот ривал Аргентина, а во Топ 10 се уште Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.
Најголем пад во првите 10 има Белгија која од петтото место падна на седмото, а меѓу првите 10 влезе репрезентацијата на Швајцарија.