Сепак, не е се така „црно“ за човекот кој за многмина е отпишан.
Според голем дел од светските медиуми, Јулиен Лопетеги после натпреварот против Барселона ќе заработи отказ, но тој секако нема да се предаде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Лопетеги сега доби добри вести и тоа од болницата на „кралевите“.
Имено, медицинскиот тим на Реал даде зелено светло за враќање на Марсело на терен, па Бразилецот ќе настапи во претстојното „Ел Класико“.
Многумина во Мадрид стравуваа дека левиот бек може да го пропушти големото дерби бидејќи во неделата се здоби со повреда на скочниот зглоб.
Меѓутоа, повредата не е од сериозна природа, па Марсело сепак ќе биде на теренот.
Од друга страна Иско и Маријано многу веројатно ќе го пропуштат овој дуел.