Реал Мадрид во изминатиов период имаше сериозни проблеми кога станува збор за играчите. Суспензиите и повредите го мачеа Реал од почетокот на сезоната, па Зидан многу ги користеше младите играчи.
„Кралевите“ особено се мачеа во нападот, каде што недостасуваше ефикасност, но тоа би можело да се промени, бидејќи Карим Бензема конечно е подготвен, и неговото враќање во екипата се очекува да биде уште следното коло во Ла Лига против Гетафе, 14. октомври.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Французинот целосно закрепна од повредата на коленото која ја заработи минатиот месец против Леванте, а овој одличен напаѓач можеше да биде во екипата и за минатото коло, кога „Кралевите“ ги одмерија силите со Еспањол, но Зидан не сакаше да ризикува.
Сепак, Бензема речиси сигурно повторно ќе биде во првиот состав на Реал Мадрид по репрезентативната пауза, што е вест која сигурно ќе ги израдува навивачите на клубот од главниот град на Шпанија.