Дома Топ вести Конечна одлука: Дибала заминува од Јувентус

Конечна одлука: Дибала заминува од Јувентус

После денешниот состанок помеѓу агентите на Дибала и Јувентус донесена е конечна одлука двете страни да се разделат на крајот на сезоната.

Дибала на лето ќе биде слободен агент, а двете страни веќе неколку месеци преговараат за продолжување на соработката.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На денешниот состанок немало приближување на двете позиции, па донесена е одлука Дибала да не го продолжи договорот и на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.

Двете страни во октормври имаа вербален договор за продолжување на соработката до 2026 година за 8 милиони евра по сезона, но потоа Јувентус ги промени условите.

Дибала веќе е слободен да преговара со заинтересираните клубови, а најголем интерес за него покажуваат Интер, Атлетико Мадрид и Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…