Жефри Кондогбија пристигна како големо засилување во Интер во 2015 година за 36 милиони евра, но не покажа ништо на „Џузепе Меаца“, па беше испратен на позајмица во Валенсија.
Французинот оваа сезона „експлодира“ во Примера, но на крајот на сезоната сепак би можел да се врати во Интер, иако Валенсија може да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите од Шпанија, Валенсија нема финансиска моќ да го откупи Кондигбија од „нероаѕурите“. „Марка“ пишува дека Валенсија нема да може да го откупи Французинот дури и во ситуација да обезбеди директен пласман во Лига на шампиони.
Кондогбија има договор со Интер до 2021 година, но „нероаѕурите“ сигурно ќе му бараат нов купец, бидејќи очигледно дека за него нема повеќе место на „Џузепе Меаца“.