Бранителот на титулата во Серија А, Сасуоло денес од 15:00 часот се сретна со најпријатното изненадување оваа сезона, Сасуоло.
Јувентус ја оправда фаворитската улога и стигна до трите бода со резултат од 2:1, а она што посебно ги радува навивачите на Јувнтус се двата гола на Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роналдо уште во петата минута најави дека токму денес може да го постигне првенецот во Серија А, кога од непосредна близина шутираше, но неговиот удар беше изблокиран.
Во првите 45 минути и покрај отворената игра не видовме погодоци.
Првиот гол стигна после пет минути игра во второро полувреме. После една катастрофална реакција во одбраната на гостите, Роналдо се најде на вистинското место и ја затресе празната мрежа на противникот.
За него ова беше прв гол во италијанското првенство.
После само 15 минути видовме нов гол на Роналдо, овој пат последна контра на „старата дама“.
До крајот на натпреварот Португалецот пропушти неколку големи прилики да постигне хет-трик, но не успеа.
Сасуоло во финишот од натпреварот преку Бабакар успеа да стигне до утешен погодок, конечните 2:1 ги постави Бабакар.
После голот на Бабакар поради неспортско однесување, Даглас Коста заработи непотребен црвен картон.
SECOND GOAL BY CRISTIANO RONALDO, AMAZING RUN AND FINISH #JuveSassuolo pic.twitter.com/JWsctOw4e3
— Abdullah (@HolaItsAbdullah) September 16, 2018