
Манчестер Сити во натпреварот на сезоната го пречека Лестер и на „Итихад“ славеше со 1:0 и се најде на чекор од одбрана на титулата во Премиер лигата.
Сити во последниот натпревар од претпоследното коло во Премиер лига против Лестер тешко стигна до победата.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Гостите играа храбро и отворено, иако во главно мораа да се бранат и да го чуваат својот. Меѓутоа Винстент Компани со најубавиот и најважниот гол во својата кариера во 70-тата минута донесе важна победа за бранителот на трофејот.
Во финишот на натпреварот за момент им застана здивот на сите на „Итихад“. Ихеначо имаше 100% прилика да го совлада Едерсон, но шутираше катастрофално.
„Граѓаните“ сега имаат 95 бодови и еден бод повеќе од Ливерпул, а до крајот има само уште едно коло. Следниот викенд Сити гостува кај Брајтон, додека Ливерпул ќе го пречека Вулверхемптон.