Навивачите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар се обратија до градоначалничката на Скопје, Данел Арсовска и претседателот на Советот на градот, Трајко Славевски.
„Комити бараат Градот во наредните 48 часа да ги исплати средствата од претходно предвидени за Вардар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Соооштението на „Комити“ ви го пренесуваме во целост:
Упатуваме апел до претседателот на советот на Град Скопје, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска, финансиските средства наменети за ФК Вардар, изгласани едногласно уште на 20.07.2023 да бидат доделени веднаш. Немате повеќе време за чекање!
Вашата пасивност во однос на ФК Вардар и меѓусебното префрлање на одговорноста, се недозволиви. Никогаш нема да прифатиме, било кој да има таков однос кон клубот на народот. Затоа, упатуваме јасно барање – постапете веднаш!
Доколку за 48 часа не постапите и не ја спроведете одлуката, најавуваме радикализација на борбата.
Не дозволувајте да бидете запомнети како луѓе кои свесно или несвесно го саботирале клубот на народот. Не дозволувајте повторно да треба да се огласиме по однос на ова прашање.