Дома Фудбал Останато Комедија на Африканскиот Куп: Судијата свирна крај во 85-та минута 🎥

Комедија на Африканскиот Куп: Судијата свирна крај во 85-та минута 🎥

На Африканскиот Куп на нации можат да се видат сцени кои воопшто не долекуваат на еден голем турнир.

Доказ за тоа е и денешниот меч каде Мали го победи Тунис (1:0), а во центарот на вниманието беше судијата Џани Сиказве од Зимбабве. Тој сигурно ќе влезе во аналите на спортот бидејќи свирна крај пред време, и тоа два пати.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најпрво во 85-та минута судијата целосно се изгуби и свирна крај на мечот. Потоа на сугестија на фудбалерите дозволи натпреварот да подолжи, но повторно не ја дочека 90-та минута и во 89-та три пати свирна на свирчето.

Залудно беше убедувањето од селекторот и фудбалерите на Тунис, судијата остана доследен на својата одлука и мечот заврши пред истекот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…