Кол Палмер беше клучен играч за Челзи оваа сезона, учествувајќи во 11 од вкупно 16 постигнати голови.
На седум настапи постигна шест гола и забележа пет асистенции. Откако летово потпиша деветгодишен договор, Палмер би можел, според неговите зборови, да ја заврши кариерата во Челзи.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
„Апсолутно. Челзи ми е како дом. Целосно сум посветен на клубот и неговата иднина“, изјави 22-годишниот фудбалер кој влезе во потесниот избор за „Златната топка“ во интервју за „Телеграф“.
„Беше изненадување што бев препознаен на тоа ниво толку рано во мојата кариера. Тоа е голема чест. Победата би била брилијантна и верувам дека со напорна работа би можел да стигнам до таму“.
Тој не успеа да ја добие довербата на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, додека со Енцо Мареска неговата позиција е променета во однос на настапите под Покетино.
„Играњето во средината ми даде повеќе можности да влијаам на играта. Тоа одговара на мојот стил и мислам дека таму можам да бидам уште поефикасен“.
Кол Палмер по 54 одиграни натпревари веќе постигна 31 гол. Иако се уште е далеку од Френк Лампард, кој е најдобар стрелец на сите времиња на Челзи со 211 гола, сегашното темпо на Палмер сугерира голем потенцијал за иднината.