Дома Фудбал Англија Колку ќе паузира Хари Кејн, може ли да го пропушти Мундијалот?!

Колку ќе паузира Хари Кејн, може ли да го пропушти Мундијалот?!

Англиските медиуми шпекулираат дека неговиот настап на Мундијалот е ставен под знак прашалник.

Нејмар е повреден и прашање е дали ќе се врати до крајот на оваа сезона, а неодамна се повреди и Хари Кејн.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Хари Кејн во овој момент е веројатно и најдобриот англиски фудбалер. Кејн се повреди во неделниот натпревар против Бурнемоут.

Иако првите најави беа дека тој набрзо ќе се врати на терените изгледа дека сепак повредата не е толку наивна. Имено, денес англиските медиуми пренесуваат дека напаѓачот сигурно нема да игра до мај, а во најлошото сценарио би го пропуштил и Мундијалот.

Тотенхем во овој период ќе мора да игра многу важни натпревари во Премиер лигата и да се бори за пласман помеѓу најдобрите четири, а тука се и натпреварите во ФА Купот.

Доколку се биде во најдобар ред и Кејн биде подготвен за Мундијалот тој би се вратил и на последните три натпревари од Премиер лигата во кои Тотенхем ќе игра против Вотофрд, ВБА и Лестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…