Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Колина го пофали Марчињак за судењето во финалето: Беше подобар од технологијата

Колина го пофали Марчињак за судењето во финалето: Беше подобар од технологијата

Легендарниот Италијанец, Пјерлуиџи Колина имаше пофални зборови за полскиот арбитар Симон Марчињак за судењето во финалето помеѓу Аргентина и Франција.

Марчињак стана првиот судија која претходно не судел финале во Лига на шампиони, а добил можност да суди финале на Светско првенство. Според Колина Полјакот бил на висина на задачата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Марчињак во финалето беше подобар од технологијата. Се што досуди беше исправно и точно“, изјави Колина.

И поранешниот англиски судија, Хауард Веб истакна дека Марчињак бил одличен. Во јавноста од друга страна најмногу коментираше имаше за досудениот пенал во првото полувреме од кој Меси ја доведе Аргентина во водство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Лапорта може да биде среќен, Аргентинецот сака да се пресели во Барселона!

Според извори од Англија, еден Аргентински играч планира трансфер ова лето. Иако има долго…