Фудбалерите на Шпанија синоќа во пријателскиот меч ја декласираа Аргентина со 6:1, а ѕвездата на вечерта беше Иско.
Фантастичниот фудбалер на Реал Мадрид, постигна хет-трик против „Гаучосите“ кои го доживеаја најубедливиот пораз во историјата. По натпреварот, Иско за шпанските медиуми му даде до знаење на Зидан дека не е баш задоволен со ситуацијата во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Бидејќи немам континуитет во Реал, овој натпревар за Шпанија ми дава сила. Овде ја чувствувам довербата од тренерот, додека во Реал можеби ја немам. Секогаш сакам да покажам дека сум добар фудбалер и оттука се и одличните натпревари како овој вечерва. Довербата која ја имам овде, ја немам во Реал. Селекторото тоа го изразува преку минутите на теренот. Иако можеби е проблем и во мене што не знам како да ја придобијам наклонетоста на Зидан“.
Поддршка за својот соиграч од репрезентацијата пружи и Коке кој е член на вториот мадридски клуб, Атлетико. Овој играч за врска, порача дека Иско е еден од најдобрите играчи кои оваа земја ги има, и го повика на лето да го облече дресот на Атлетико Мадрид.
„Сите тоа добро го гледаме, кога игра за репрезентацијата тогаш тој е еден од најдобрите играчи кои ги имаме. Игра на спектакуларно ниво во дресот на Шпанија. Во неговиот клуб тоа не можеме да го видиме и не знам што Зидан мисли за тоа. Ако нема континуитет во Реал, можеби би имал ако дојде во Атлетико“, порача Коке.