Дома Топ вести Кои клубови најмногу профитирале на трансфер пазарот? Изненадување на врвот

Кои клубови најмногу профитирале на трансфер пазарот? Изненадување на врвот

Меѓународниот центарот за спортска статистика и истражување (ЦИЕС) објави извештај за билансот на клубовите во последните два трансфер периода.

Челзи има најдобри перформанси, најмногу поради ограничената забрана за трансфери минатиото лето. Билансот на „сините“ изнесуваше плус 205 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тие продадоа 16 играчи за 250 милиони, а го купија само Матео Ковачиќ од Реал Мадрид за вкупно 45 милиони евра.

Исто така, во првите 10 најпрофитабилни клубови се најдоа: Бенфика (166 милиони), Ајакс (137 милиони), Спортинг Лисабон (92 милиони), Ред Бул Салцбург (75 милиони), Лил (69 милиони), Хофенхајм (69 милиони), Сампдорија (57 милиони), ПСВ (56 милиони) и Емполи (50 милиони).

Во најдобрите пет европски лиги, само француската Лига 1 има позитивен биланс од 106 милиони. Англиската Премиер лига достигна минус од 844 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…