Несекојдневна ситуацијана синоќешното дерби во португалското првенство.
Синоќа во рамки на 25. коло во португалскиот шампионат одиграно е дербито помеѓу Порто и Спортинг. На крајот Порто славеше со 2:1, но натпревсрот не мина без тензија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Посебно хаотична беше ситуацијата во 59. минута кога дојде до инцидент кој ја засени победата на Порто.
Порто веќе водеше со 2:1 кога некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, а денес лев бек на Спортинг, Фабио Коентрао се најде во центарот на несекојдневен инцидент.
Топката излезе надвор од игра и се најде во рацете на еден од членовите на медицинската екипа покрај теренот. Коентрао сакаше што побрзо да ја уфрли топката во игра, па очигледно нервозен, бутна еден од медицинарите и предизвика хаос покрај теренот.
Тензиите очигледно беа на високо ниво, па набрзо по судирот се придружија и играчите на обете екипи. Сепак, тренерите и редарите успеаа да го прекинат буткањето, а бидејќи главниот судија не ја виде целата ситуација, мораше да интервенира и ВАР.
По прегледувањето на снимката беше одлучено од теренот да се оддалечат двајца членови на медицинскиот тим, додека Коентрао мина без судиски санкции.