Дома Фудбал Останато Кога Реал го победи Тотенхем 4:0 Крауч сакал да го „нокаутира“ Марсело

Кога Реал го победи Тотенхем 4:0 Крауч сакал да го „нокаутира“ Марсело

Минатата година Питер Крауч стави крај на неговата кариера во која го носеше дресот на повеќе англиски клубови.

Помеѓу клубовите за кои играше беше и Тотенхем каде играше од 2009 до 2011 година. Во тој период со „петлите“ Крауч имаше можност да игра во Лигата на шампионите. Сега Крауч се потсети на натпреварот против Реал Мадрид кога заработи црвен картон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Соблекувалната на „Бернабеу“ е под трибините и можете да ги слушнете навивачите од некои редови. Седев и си мислев: „ова е заради мене“. Жалам за тоа што се случи, но имама изговор за картоните. За првиот ќе го признаам, тоа беше старт над Рамос“:

„Но, за вториот тргнав по топката кај Марсело, малку „заринкав“, но него не го ни допрев. Тој скокна и почна да се тркала. Никогаш во животот не сум сакал повеќе да нокаутирам некого. Бев наивен и дозволив тоа да се случи“, се потсети Крауч.

Реал Мадрид во тој дуел го победи Тотенхем со убедливи 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…