Алексис Санчез пред нешто повеќе од година дена пристигна во Манчестер Јунајтед, Мурињо го доби во трампа со Арсенал, а на другата страна си отиде Хенрик Михтаријан.
Од поранешниот играч на Барселона се очекуваше многу, доби огромен договор и стана најплатениот играч на клубот, но од како што пристигна не личи на себе. Јасно е дека не ја потврди споменатата плата која ја доби, од околу пола милион фунти неделно, постигна само пет гола во сите натпреварувања.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Мурињо во меѓувреме остана без работа, на клупата на „Ѓаволите“ го наследи Оле Гунар Солскјер, кој за сега работи одлично и веќе има повеќе победи оваа сезона (11), отколку што имаше Мурињо (10). Сепак, Санчез не игра добро ниту под водство на Норвежанецот, а сега за „BBC“ изјави дека за се е виновен Мурињо.
„Мурињо е еден од најдобрите тренери во светот, начинот на кој што ја води екипата, како ги анализира видео клиповите, едноставно поради начинот на кој што пристапува на сите работи. Но, меѓу играчите се создаваше чувство дека сега ќе играте, а потоа ќе бидете надвор од тимот. Јас така понекогаш не играв, а потоа играв и потоа повторно не играв, а така како играч се губи самодовербата. Играм фудбал од својата пета година и кога некој ќе ми ја одземе топката, тоа е како да останам без радост“, изјави Санчез.
Ова значи дека Санчез за сето тоа го обвини Мурињо, така изгледа сега е најлесно.