Aрсен Венгер најголемиот дел од тренерската кариера го помина на клупата на Арсенал каде што остави длабока трага, но кога во прашање е фудбалската кариера како играч не може да се пофали со некој успех.
Во најголем дел од кариерата како играч Венгер играше француските нисколигаши. Кариерата ја заврши во 1981 година кога се посвети на тренерската работа во која беше фантастичен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На клупата на Арсенал помина 22 години, а едно време доминираше во Англија.
Овие денови на социјалните мрежи кружи видео од хуманитарниот натпревар одигран во мај минатата година. Во центарот на вниманието тогаш беше 69 годишниот Венгер кој се обиде да го издрибла Зидан, меѓутоа тој негов обид не заврши добро.
Arsene Wenger 'dribbling past' Zidane ?? pic.twitter.com/QxJymOaqSd
— Football Daily (@footballdaily) May 28, 2019