Гонзало Игуаин одигра променлива сезона во Јувентус постигна 15 лигашки погодоци и често беше мета на критики на дел од навивачите.
Медиумите веќе подолго време пишуваат за негово евентуално заминување од Јувентус, наводно „старата дама“ како негова замена е спремна да доведе еден од Алваро Мората и Мауро Икарди.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мората е реална опција, со тоа што Игуаин според „Билд“ е поблиску до трансфер во Премиер лигата од кога и да било претходно! Како што наведува германскиот гигант контактите веќе биле воспоставени.
Самиот Игуаин во една од своите изјави не криеше дека му се допаѓа Премиер лигата.
„Премиер лигата е најдобар во светот. Многу светски фудбалери играат таму, конкуренцијата е пеколна и би сакал еден ден да заиграм во такво натпреварување“, изјави Игуаин.
Пред завршувањето на Мундијалот во Русија веројатно нема да дочекаме официјална понуда или потврда за овој трансфер, но кога „Билд“ нешто ќе објави тогаш е јасно дека е сериозно.