Дома Македонски спорт Ковид-19 „удри“ по цените на фудбалерите: Пад на цените и кај нашите репрезентативци!

Ковид-19 „удри“ по цените на фудбалерите: Пад на цените и кај нашите репрезентативци!

Вчера популарниот „Трансфермаркт“ ги објави новите вредности на фудбалерите на трансфер пазарот, а под влијание на кризата која ја прави коронавирусот забележан е голем пад.

Така Роналдо од 75 милиони евра сега вреди 60, Нејмар од 160 падна на 128, Мбапе од 200 на 180, Меси од 140 на 112…Ова веројатно е само најава во правецот кој ќе оди фудбалот по кризата и јасно е дека ова лето не треба да очекуваме астрономски трансфери.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес проверивме каква е ситуацијата со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија и очекувано и вредноста на нашите репрезнетативци е намалена. Кај нас цената е падната на сите освен на голманите Дејан Илиев и Дамјан Шишковски и младиот дефанзивец Марио Младеновски.

Играчот со најголема вредност од актуелните репрезентативци е Елиф Елмас со вредност од 15.5 милиони евра, по него следи Барди со 12 милиони евра останатите се далеку поназад.

ВРЕДНОСТА СПОРЕД ТРАНСФЕРМАРКТ.

Столе Димитриевски – 2.4 милиони евра

Дејан Илиев – 300.000 евра

Дамјан Шишковски – 300.000 евра

Висар Муслиу – 600.000 евра

Кристијан Тошевски – 475.000 евра

Кире Ристевски – 400.000 евра

Дарко Велковски – 400.000 евра

Ѓоко Зајков – 300.000 евра

Марио Младеновски – 150.000 евра

Езгјан Алиоски – 3.5 милиони евра

Стефан Ристовски – 3.2 милиони евра

Бобан Николов – 725.000 евра

Стефан Спировски – 400.000 евра

Елиф – Елмас – 15.5 милиони евра

Енис Барди – 12 милиони евра

Aрјан Адеми – 5.5 милиони евра

Никола Ѓорѓиев – 350.000 евра

Даниел Аврамовски – 650.000 евра

Тихомир Костадинов – 400.000 евра

Александар Трајковски – 1.2 милиони евра

Иван Тричковски – 650.000 евра

Горан Пандев – 325.000 евра

Крсте Велковски – 250.000 евра

Илија Несторовски  – 2.8 милиони евра

Влатко Стојановски – 400.000 евра

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…