Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач е сигурен дека напаѓачот Роберт Левандовски ќе остане на „Алијанц Арена“ и следната сезона.
Иднината на Левандосвки е тема на бројни шпекулации откако неговиот агент изјави дека неговото време во Баерн е завршено, а и тој самиот призна дека сака да ја промени средината.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полскиот напаѓач се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но ниту еден клуб не е спремен да ја плати сумата која ја бараат Баварците.
„Нема ништо ново за Роберт. Јасно е дека тој нема да нѐ напушти ова лето, бидејќи ние имаме врвен напаѓач во кого веруваме и дефинитивно не сакаме да замине. Сакаме да постигнеме многу со него“, изјави Ковач.
„Тој е одличен фудбалер, кој веќе има постигнато многу во Бунделигата, постигнал многу голови и ќе постигне уште многу во новата сезона“, додаде тренерот на Баерн.
Јасно е дека желбата на Полјакот беше да се пресели во Реал Мадрид, но „кралевите“ не се спремни да платат толкава сума за фудбалер кој наскоро ќе наполни 30 години.