Матео Ковачиќ пристигна во Реал Мадрид во 2015 година од Интер, а на лето повторно би можел да се врати во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.
Ковачиќ се уште не успеа да се избори за првотимски статус кај Зидан, па е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека најсилен интерес за неговиот клуб покажуваат миланските клубови, Интер и Милан.
„Нероаѕурите“ уште во јануари се обиделе да го вратат Хрватот на „Џузепе Меаца“, но тогаш Реал не сакал да слушне за продажба на Ковачиќ.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучија и „росонерите“. Нивнио спортски директор Мирабели во минатото работеше во Интер и одлично е запознат со квалитетите на Ковачиќ.
Самиот фудбалер нема ништо против да се врати во Милано бидејќи неговата сопруга сака да живее во престолнината на модата.
Цената на Ковачиќ во моментов изнесува околу 40 милиони евра, па можно е од следната сезона повторно да го гледаме во Серија А.