Дома Топ вести Клучниот човек на Барселона потпиша со Арсенал – Не сте слушнале за него но е важен колку и Меси!

Клучниот човек на Барселона потпиша со Арсенал – Не сте слушнале за него но е важен колку и Меси!

sanlehi

Раул Санлехи. Ова име не значи ништо за многумина кои себе си се сметаат за добро упатени во фудбалот.

Станува збор за 48 годишник кој во последните 14 години за Барселона беше подеднкаво важен како и Лионел Меси.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во клубот го доведе претседателот Хуан Лапорта во 2003 година. Санлехи на почетокот беше задолжен за маркетингот и продажбата на дресови, но покажа дека преговарањето со оние кои ги носат тие дресови му оди многу подобро.

Санлехи во Барселона не беше спортски директор бидејќи во тоа време во клубот таа функција ја извршуваа Тики Бергистаин и Андони Зубизарета, а сега тоае Роберт Фернандез. Но, беше „директор на фудбалот“, името на функцијата не го открива сето она што тој го правеше за Барселона и колкаво значење имаше за овој клуб.

Беше незаменлив оперативец за реализацијата на трансфери. Златан Ибрахимовиќ, Дани Алвеш, Самуел Ето, Жерар Пике, Иван Ракитиќ...Сите нив во Барселона ги доведе Снлехи. Сепак на две зделки е посебно горд.

Луис Суарез во 2014 го доведе од Ливерпул за 81 милиони евра, а Ургваецот до овој момент постигна 126 погодоци на 164 настапи. Три години претходно веројатно ја направи зделката на животот кога од Реал го „украде“ Нејмар. Барселона тоа скапо го плати, не само поради оштетата од 90 милиони и падот на претседателот Росел, туку поради и лошиот начин на кој Нејмар замина.

Но, со оглед дека ПСЖ плати 222 милиони евра, Барселона со оваа зделка на Санлехи беше во голем плус.

Договорот на Санлехи со Барселона имаше важност до петокот, а тој во Лондон пристигна четири дена подоцна и сега ќе работи во тимот на Арсенал. Во редовите на „тоџиите“ веќе го чека Свен Мислинтат (45), новиот шеф на скаут службата кој дојде од Борусија Дортмунд каде што за 11 години ги доведе Роберт Левандовски, Осман Дембеле, Пјер Емерик Обамејанг, Шинџи Кагава…

Арсенал од Санлеги и Мислинтат очекува веднаш да започнат со склопување на тимот за зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…