Дома Луд Спорт Клуб од Израел го промени името поради – Доналд Трамп!

Клуб од Израел го промени името поради – Доналд Трамп!

Несекојдневна работа направи еден израелски клуб.

Имено, во чест на претседателот на САД Доналд Трамп клубот Беитар го промени своето име и следната сезона ќе се натпреварува како Беитар Трамп Ерусалим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во овој момент второпласираниот клуб од израелското првенство на таков потег се одлучи бидејќи Трамп во декември минатата година го призна Ерусалим како главен град на Израел и покрај притисоците и осудите од остатокот од светот.

„Дури 70 години Ерусалим чекаше на меѓународно признание се додека претседателот Доналд Трамп не направи храбар потег и го призна Еурсалим како израелска престолнина“, нагласи Беитар.

Oд клубот не открија дали се работи за привремена или трајна промена на името.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…