Фудбалерите и стручниот штаб на Лидс клуб во кој настапува макегонскиот репрезнетативец Езгјан Алиоски сами побарале да им бидат намалаени платите за време на пандемијата.
Поради пандемијата од коронавирусот отежнато функционираат сите клубови во светот. Приходите од влезниците клубовите сега ги нема, па добар дел од клубовите се приморани да ги намалат платите на своите играчи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во некои клубови како што се Динамо Загреб и Барселона играчите одбија да добиваат помали плати, за разлика од нив Џани и друштвото – сами побарале од клубот да им се намалат платите!
„Моите играчи покажаа неверојатно чувство за заедништво. Марсело Биелса, неговите соработници и играчите сами предложија да добиваат помали плати додека трае овој хаос“, изјави директорот на клубот Виктор Орто.
Инаку, Лидс е лидер во Чемпионшип и е надобар пат да се врати во Премиер лигата, секако ако првенството продолжи.