Дома Фудбал Италија Клубовите од Серија А потрошиле богатство за агенти – Раиола и Мендеш најмногу се „офајдиле“

Клубовите од Серија А потрошиле богатство за агенти – Раиола и Мендеш најмногу се „офајдиле“

Италијанската фудбалска федерација објави извештај за трошењето на италијанските клубови за агентни услуги во 2019 година.

Вкупно, клубовите во Серија А платиле 187,8 милиони евра на посредници и агенти, што е за 16,3 милиони повеќе отколку во 2018 година. Оваа сума не вклучува исплати на самите играчи на нивните агенти, кои за наведениот период изнесувале 13,6 милиони.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус плати најмногу меѓу италијанските клубови за агенти – 44,3 милиони евра. Уште три клуба потрошија повеќе од 10 милиони евра за посреднички услуги – Интер (31,8 милиони евра), Рома (23,2 милиони евра) и Милан (19,6 милиони евра).

Најголем дел од оваа сума завршила во џебовите на Мино Раиола и Жорге Мендеш и нивните соработници.

Клубовите во Серија Б за 2019 година платиле на агентите 19,4 милиони евра, од кои речиси една третина се од Емполи кој искеширал шест милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Бразил фудбалот може да биде стопиран

Бразилското министерство за Спорт побара од фудбалската конфедерација на Бразил да се прек…