Дома Топ вести Клубовите од Премиер лигата потрошија скоро 2 милијарди фунти

Клубовите од Премиер лигата потрошија скоро 2 милијарди фунти

Клубовите од Премиер лигата поставија нов тансфер рекорд за време на летниот преоден рок кој заврши синока.

Според „Би-Би-Си“ клубовите од Премиер лигата вкупно на трансфери потрошиле 1,9 милијарди фунти и го соборија претходниот рекорд кој изнесуваше 1,4 милијарди фунти.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Интересно е дека клубовите од Премиер лигата потрошија повеќе од тие на Ла Лига, Серија А и Бундеслигата заедно.

Најскапото засилување го донесе Манчестер Јунајтед, кој за Ентони плати 82 милиони фунти. Челзи пак е апсолутен рекордер, кој ова лето на трансфери потоши 273,5 милиони фунти.

Манчестер Јунајтед исто така го собори сопствениот рекорд и ова лето потроши 214 милиони фунти. Вест Хем на трансфери потроши 163 милиони, Тотенхем (152), а Нотингем Форест е клубот кој донесе најмногу засилувања, вкупно 21 нов фудбалер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…