Играчот за врска на ПСЖ, Адриен Рабио размилслува да ја промени средината ова лето, а интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.
Имено, неговиот менаџер оваа недела ќе се сретне со претставниците на Јувентус, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, за да започне преговори за евентуален трансфер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рабио е дете на ПСЖ, но има само уште една година од договорот со „светците“ и одби да ја продолжи соработката.
Новиот тренер Томас Тухел нема ништо против неговото заминување, па најверојатно Французинот ова лето ќе ја промени средината.
Рабио минатата сезона одигра 43 натпревари за ПСЖ и постигна пет гола, но се најде на списокот на Дешамп. Имено, францускиот селектор го стави во резервите, по што Рабио одби и предизвика скандал.