Дома Фудбал Германија Клосе принуден да ја прекине тренерската кариера: Дијагнозата беше шок, не смеам ништо да работам

Клосе принуден да ја прекине тренерската кариера: Дијагнозата беше шок, не смеам ништо да работам

Легендарниот германски напаѓач Мирослав Клосе е принуден својата тренерска кариера да ја прекине на одредено време.

Клосе, кој работеше како помошник на Ханси Флик во БАерн, добил тромбоза во нозете и лекарите му препорачале да мирува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Дијагнозата беше шок за мене“, рече Клосе и опиша дека се започнало со големи болки во нозете:

„Имам двојна тромбоза во нозете. Веднаш ми препишаа лекови и морам да носам посебни чорапи. Лекарите беа јасни и ми препорачаа одмор. Не можам да трчам, да пливам и над се не можам да играм фудбал.“ – рече Клосе.

Клосе е најдобар стрелец во репрезентацијата на Германија на сите времиња со 71 постигнат погодок на 137 настапи, а го освои СП во 2014. година.

Тренерската кариера ја започна како помошник на Јоаким Лев, а од 2018. беше вработен во минхенски Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …