Дома Фудбал Англија Клоп: Ќе биде смешно ако не ја освоиме ПЛ со 97 бода

Клоп: Ќе биде смешно ако не ја освоиме ПЛ со 97 бода

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп на денешната прес конференција порача дека неговите играчи не се заморени, бидејќи не можете да се уморите кога сте во ваква трка за титулата.

Да потсетиме, Црвените се уште имаа теоретски шанси да ја освојат ПЛ и ЛШ, но се чини дека тоа скоро е невозможна мисија.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Во Премиер лигата имаат бод помалку од водечкиот Манчестер Сити на две кола пред крајот, додека во ЛШ имаат негатива од 3 гола разлика против Барселона.

Новинарите го запрашаа Клоп дали се надева на кикс на Манчестер Сити во понеделникот против Лестер.

„Што и да се случи, ова е посебна сезона. Не мислам на тоа бидејќи константно ме прашувате за тоа. Имаме два натпревари, ќе ги поминеме и потоа ќе ја гледаме назад целата сезона. Нашиот проблем не е што ќе се случи во понеделникот вечерта, туку како да го победиме Њукасл. Ги почитуваме, сакаме да одиме таму и да одиграме добар натпревар.“ – порача Клоп.

Нормално, следуваше прашање и што очекува од реваншот против Барселона.

„Ако сакаш да победуваш во фудбалот, мора да прифатиш дека можеш и да загубиш. Имам позитивни мисли за тој натпревар, бидејќи одигравме добро. Во последниот период играме одлично и мора така да продолжиме.“

„Моите момци се расположени, кога си во ваква трка не можеш да бидеш уморен. Ѓаволски сме амбициозни. Ние сме Ливерпул и играчите се ова го направија сами. Би било смешно доколку не ја освоиме лигата со 97 бода, но ќе видиме.“ – додаде Клоп.

Натпреварот Њукасл – Ливерпул е на распоредот утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …