Дома Топ вести Клоп ја состави трансфер листата – три засилувања за напад на титулата!

Клоп ја состави трансфер листата – три засилувања за напад на титулата!

Ливерпул игра одлично оваа сезона во Премиер лигата, а менаџерот Јурген Клоп има уште неколку трансфер желби за зимскиот преоден рок со кои ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата оваа сезона.

Прво засилување би требало да биде крилниот напаѓач на Рен, Пол Жорж Нтеп. Овој 24-годишен француски репрезентативец игра одлично оваа сезона, има одлична техника, брзина и чувство за гол, па Клоп смета дека би бил идеално засилување за „црвените“.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Притоа, Ливерпул е заинтересиран и за младиот играч за врска на Еспањол, Марк Рока. Овој фудбалер има само 19 години, оваа сезона е во првиот тим на Еспањол, но неговиот договор истекува во јуни, па „црвените“ ќе можат да го донесат без обештетување.

За крај Клоп сака да донесе уште еден дефанзивец, а првата мета е Преснел Кимпембе кој е на радарот и на Манчестер Јунајтед. Станува збор за голем талент на ПСЖ кој оваа сезона веќе има одиграно 7 натпревари за „светците“ и го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија го доби и петтиот претставник на Олимписките игри во Париз

Македонија го доби и петиот учесник на Олимписките игри кои ова лето ќе се одржат во Париз…