Ливерпул е силно заинтересиран за холандскиот крилен фудбалер Коди Гакпо, пренесуваат англиските медиуми.




22-годишната ѕвезда на ПСВ игра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти како Барселона, Арсенал и Баерн Минхен.




Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Скаутите на Ливерпул долго време го следат Гакпо и имаат само позитивни оценки, а „црвените“ сакаат да го донесат на Енфилд на лето.




Коди Гакпо е еден од најголемите таленти во Холандија во овој момент. Одигра 36 натпревари сезонава, постигна 16 гола и 14 асистенции, па експертите му предвидуваат блескава иднина.




Медиумите на Островот тврдат дека Гакпо може да биде замена за Салах, кој не потпишува нов договор и може да биде продаден на лето.