Холандија по првите две кола освои четири бода и се наоѓа на чекор до осминафиналето, а нова ѕвезда на екипата на Луј Ван Гал е талентираниот напаѓач од ПСВ, Коди Гакпо.
Гакпо постигна два гола во првите две гола и сега ПСВ може да биде задоволен затоа што цената на младиот фудбалер дополнително се зголеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Напаѓачот на ПСВ има 190 сантиметри и веќе привлече интерес од Манчестер јунајтед, кој ќе мора да плати 100 милиони евра ако сака да го обезбеди неговиот потпис.
Гакпо ги помина сите младински селекции на ПСВ и во првиот тим е веќе четири години, односно од 2018, додека со холандскиот тим има соработка до 2026.