Дома Трансфер зона Клоп стави крај за шпекулациите за иднината на Фирмино

Клоп стави крај за шпекулациите за иднината на Фирмино

Во претходниот период Роберто Фирмино многу се поврзуваше со Јувентус, но овој трансфер изгледа нема да се реализира.

Ваквите информации стигнаа до Јирген Клоп. Според изјавата на германскиот стратег Фирмино нема да го напушти Ливерпул.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Тој е клучен играч за нас, тој е срце и душа на овој тим. Начинот на кој игравме во последните години немаше да биде можен без него. Затоа сум среќен што го имаме со нас. се изгледа одлично и немам апсолутно никкви проблеми со Фирмино. Воопшто не се сомневам во неговиот квалитет“, изјави Клоп.

Останува да видиме колку простор ќе добие Фирмино за игра покрај Дарвин Нуњез кој пристигна од Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…