Дома Фудбал Англија Клоп стави во игра „дете“, а тинејџерот ја промени историјата на клубот!

Клоп стави во игра „дете“, а тинејџерот ја промени историјата на клубот!

Триумфот на Ливерпул над Лидс во четвртфиналето од англискиот Лига куп ќе остане запаметен по рекордот на Бен Вудбурн, кој стана најмлад стрелец во историјата на трофејниот англиски клуб.

Германскиот стручњак му даде шанса на младиот и талентиран Велшанец Бенџамин Вудборн на 20-тина минути пред крајот, а тинејџерот постигна гол и испиша нова историја во клубот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вудборн со 17 години и 45 денови стана најмладиот голгетер во историјата на Ливерпул, оставајќи го зад себе Мајкл Овен кој досега го држеше рекордот за најмлад стрелец на гол со 17 години и 145 денови.

„Знаеме какви се квалитетите на Бен и што може тој да направи. Моја задача е да им помогнам на младите играчи да станат најдобри. Пред нас има уште многу работа, пред се да го тргнеме вниманието на јавноста од него што е можно подолго. Навистина сум среќен за него“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Левандовски испиша историја📷

Барселона има водство по првото полувреме против Брест во Лигата на шампиони, а стрелец на…