Ливерпул од доаѓањето на Јирген Клоп на клупата прави исклучително добри трансфери и тоа позитивно се одразува на играта на „црвените“.
Многумина сметаат дека Ливерпул има добар ростер, но дека во одбраната е потребен уште еден квалитетен дефанзивец кој ќе биде идеален партнер на Ван Дајк.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дејан Ловрен и Џо Гомез не се играчи од тој калибар, притоа се склони на повреди и долги отсуства, па поради тоа приоритет на Клоп ќе биде доведување централен дефанзивец.
Прва мета е дефанзивецот на Севиља, Диего Карлос, кој со своите добри партии оваа сезона го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тој ова лето пристигна од Нант за 15 милиони евра и веднаш покажа класа.
26-годишниот дефанзивец е на радарот на многу европски клубови, но Ливерпул е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе спремиле понуда од 50 милиони евра.