Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека челниците на клубот се во преговори со Емре Чан околу продолжување на соработката.
На овој 24-годишен фудбалер на крајот од сезоната му истекува договорот со Ливерпул, а иако изминатите месеци имаше можност да ја продолжи соработката, до тоа не дојде и се повеќе се зборува дека блиску е неговото заминување од „Енфилд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Клоп не е загрижен. Изјави за Скај Спорт дека е можно Чан да остане во англискиот состав и следната сезона.
„Ситуацијата е отворена, ништо не е одлучено. Разговараме со него и засега се е добро, освен оној дел што не го потпишал новиот договор. Тоа е се, нема проблеми“, истакна Клоп.
Германецот во последно време најмногу се поврзува со заминување во Јувентус, кој е познат по тоа дека носи врвни играчи како слободни, но останува да се види дали Чан ќе биде тој кој ќе се пресели во Торино.