Дома Фудбал Англија Клоп: Само малку подобри да бевме ќе победевме

Клоп: Само малку подобри да бевме ќе победевме

Манчестер Јунајтед вчера успеа да слави во дербито против Ливерпул, а Јирген Клоп смета дека неговиот тим не бил далеку од победата.

За Јунајтед тоа беше првата победа сезонава после двата порази, додека Ливерпул се уште е без победа. Клоп смета дека неговиот тим не бил далеку да слави во вчерашното дерби.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Навистина беа поагресивни на почетокот и јасно беше што ќе се случи. Прво ја погодија стативата, потоа постигнаа гол. После примениот гол ние започнавме да играме онака како што сакаме. Во неколку ситуации немавме среќа, посебно при прекините. Не знам како таа една топка не влезе, ќе беше многу поинаку ако на полувреме беше 1:1“.

„Ако бевме малку подобри и имавме поголема верба ќе победевме. Знам дека ви е чудно, но јас така го гледам натпреварот“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…