Во последните денови се повеќе се пишува дека Ванијалдум ќе го напушти Ливерпул.
Репрезентативецот на Холандија одби нов договор од Ливерпул и тоа е знак дека Клоп ќе мора да побара нов играч за врска.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Клоп на почетокот на кариерата го водеше Мајнц и не е тајна дека остана во пријателски односи со овој клуб и дека сака кога има време да изгледа натпревар на овој тим. Според пишувањето на одредени германски медиуми Клоп сега ќе се обиде да доведе играч на Мајнц.
Имено, на радарот на Ливерпул е 21 годишниот Леандро Бареиро кој е репрезентативец на Луксембург.
Бареиро е играч кој би можел да се вклоп во системот на Клоп. Млад е и има многу простор за напредок, неговата цена во овој момент на трансфер пазарот е околу четири милиони евра.