Јирген Клоп е светска ѕвезда, а во овие моменти тој е во Катар каде што Ливерпул го очекуваат натпревари на Светското клупско првенство.
Меѓутоа и покрај тоа што Клоп е планетарно познат обезбедувањето во Катар немало пропусти за Германецот. Клоп во разговор за „Би-Би-Си“ откри дека не му било дозволено да влезе на доручек бидејќи не ја носел со себе потребната акредитација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се симнав на доручек, му викам добро утро на човекот од обезбедувањето, а тој ми вели: Пропусница?. Му го покажав грбот на Ливерпул на облеката, меѓутоа само ме погледна и ми повтори: Пропусница? Ние имаме акредитации кои докажуваат дека сме членови на Ливерпул и треба да ги носиме. Обезбедувањето е од Катар, па јас морав да се вратам и да ја земам акредитацијата за да влезам. Човекот не е виновен, јас сум виновен. Некогаш мислиме дека сме во центарот на вниманието, но не е секогаш така“, раскажа Клоп со насмевка.
No pass, no breakfast ?❌@LFC manager Jurgen Klopp won't be forgetting his #ClubWC accreditation again!pic.twitter.com/yZAFxvhgBP
— FIFA.com (@FIFAcom) December 17, 2019