Филипе Кутињо на почетокот на 2018. година стигна како големо засилување во Барселона, но се уште не успеа да ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“.
Барселона се обиде да го доведе Кутињо летото 2017. година, но тогаш Ливерпул успеа да го задржи во своите редови. Меѓутоа, само половина година подоцна беше јасно дека Бразилецот ќе си оди во Барса и тоа за неверојатни 160 милиони евра. Од Кутињо уште од првиот ден многу се очекуваше во каталонскиот клуб, но тие очекувања се уште не ги оправда. Оваа сезона веројатно ги доби најголемите критики од сите фудбалери на Барселона и се повеќе се шпекулира за неговото заминување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, многумина претходно му зборувале дека заминувањето во Барса веројатно ќе му биде погрешен потег, со што тоа на крајот се испостави како точно во досегашниот дел од неговиот престој во овој клуб. Уште пред две години тоа најдобро го објасни Јирген Клоп кој му даде до знаење дека останување во Ливерпул за него е најдобро што може да направи, но Кутињо не го послуша.
„Остани тука и на крајот тие ќе направат статуа пред Енфилд. Ако си одиш некаде како Барселона, Баерн или Реал тогаш за нив ќе бидеш само еден од играчите“, изјави тогаш Клоп за Кутињо.